Хидратантна маска од авокадо

Смирува воспаленија и ја хидрира кожата за побистар и посјаен тен. Оваа смирувачка маска од авокадо со три состојки е вистинско освежување за вашата кожа. Еве што ќе ви треба за овој скапоцен навлажнувачки бисер:
Во мала чинија испасирајте четвртина од зрело авокадо.
Додадете една лажица мелени снегулки од овес и една лажица манука или сиров мед. Пасирајте и мешајте додека сите компоненти не се искомбинираат добро.
Нанесете ја маската на чисто и суво лице и држете ја десет минути.
Исплакнете со млака вода пред да продолжите со навлажнувачки крем.

Хранлива маска од мед

Едноставен рецепт со одлични резултати. Оваа маска ја храни кожата, но помага и во борбата против акните и го смирува лицето.
Направете една чаша чај од камилица со две кесички чај и оставете го да се излади целосно.
Во мал сад измешајте една лажица сиров мед и една лажица хранлив квасец.
Во чашата додадете само доволно чај од камилица за да создадете погуста паста, која сепак е доволно течна да се шири над вашата кожа, но не премногу водена.
Нанесете тенок слој на лицето и оставете го 20 минути.
Исплакнете и исушете го лицето, а потоа нанесете хидратантен крем.

Органска маска за лице од банана

Оваа тропска маска за лице ќе и даде на вашата кожа здрав, природен сјај и е доволно нежна за сите типови на кожа
Испасирајтеполовина банана во сад.
Додадете лажица сок од портокал и една лажица мед.
Нанесете ја маската на лицето (грутките се во ред) и оставете ја да делува 15 минути.
Исплакнете со топла вода, а потоа ставете хидратантен крем.

Маска од појадок

Храната што вообичаено би ја конзумирале за појадок, овој пат ја користиме за супер маска за лице која помага да се смири и матира мрсната кожа. Благодарение на смирувачката овесна каша и жолчката од јајце што го затегнуваат лицето, оваа маска дефинитивно има позитивни резултати.
Комбинирајте една жолчка од јајце, една лажица мед и една лажица маслиново масло со половина чаша овесна каша.
Добро промешајте, а потоа нанесете ја маската на лицето и држете ја 15-20 минути.
Исплакнете со млака вода, а потоа ставете хидратантен крема.

Маска со мед и цитрус

Оваа маска базирана на мед и портокал е најдобро решение за да и дадете убав сјај на вашата кожа.
Измешајте три лажици сок од портокал со половина филџанче мед.
Лесно истријте ја смесата на лицето, а потоа оставете ја да делува 15 минути.
Исплакнете со млака вода и нанесете хидратантен крема.