Како што објави Илон Маск минатата година, идејата за „бебето“ на Тесла е многу релевантна. Најновите информации велат дека најновиот автомобил на Тесла ќе се натпреварува со модели како што се Volkswagen ID.3 и Nissan Leaf, но со една значајна предност.

Безимениот модел ќе биде поевтин од споменатите конкуренти. И не само тоа, моделот со цената ќе се спушти уште една скала и ќе се натпреварува со автомобили како Peugeot e-208 и нему слични.

Тајната на успехот лежи во батеријата која ќе понуди до 50% пониски трошоци за производство (околу 90 eur / kWh). Во исто време, оваа батерија овозможува неколку пати поголем капацитет за складирање на енергија и до 16% поголем радиус на движење.

Според Autocar, најмалата Тесла ќе има автономија од најмалку 400 km, според WLTP стандардот, што е повеќе од основната ID.3 која нуди 350 km.

Според Маск, тоа е минималниот радиус кој би го задоволил Тесла. Врвната верзија треба да има автономија од најмалку 566 км, како што ја нуди моделот 3 со долг дострел.

Судејќи според официјалната скица, новиот модел ќе има дизајнерски сличности со Model 3, но со поизразена форма во два волумени на компактни автомобили.

И сега доаѓа најдоброто – основната цена на најмалата Тесла треба да биде околу 23.300 евра.

Единствено што сè уште не е познато е дали новиот модел ќе се произведува во Кина или во гигафабриката во Берлин.