Кандидатот за градоначалник на Виница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Петков преку статус на Фејсбук ги повикува граѓаните во недела да го заокружат бројот 7.
-Изминативе 20 дена од изборната кампања ги посетив сите населени места во Општина Виница и се сретнав со голем број од Вас, со единствена цел, презентирање на изборната програма и мојата визија за општината.
Време е Виница да одбере реални проекти наместо празни ветувања, способни и одговорни личности наместо оние кои ги ставаат личните интереси пред Вашите.
Јас и мојот тим се обврзуваме дека нема да потпаднеме под било какви притисоци и нема да се откажеме од нашата визија за подобра и просперитетна Виница, Виница за сите!
Бидете свои на своето, зад гласачкиот параван сте сами и вие одлучувате во каква општина ќе живееме. Време е да создадеме нова иднина за Општина Виница! Новата иднина на Општина Виница зависи од секој од Вас. Да го заокружиме бројот 7 за промени, за проекти, за голема победа за Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.