Освојувачот на тројната круна во 2020 година во српскиот ракомет дојде до потписот на голманката која беше слободна. 25-годишната Петковска последен пат бранеше во Данска каде беше член на Сондерјиске.
Претходно, македонската голманка бранеше и за Силкеборг од Данска, Ардешен од Турција и македонски ЖРК Вардар со кого има и настапи во ЛШ.
Оваа сезона Јагодина ќе игра квалификации за Европската лига, каде во рамки на втората рунда чека двомеч со Тертнес Берген.