Министерството за здравство ги игнорира барањата на иницијативата “СТОП за задолжителното користење маски во училиштата“ која има поддршка од над 12 000 родители. Иако досега испратиле три официјални писма со кои меѓу другото браат итно укинување на маските во училиштата, повратно не добиле никаков одговор. Креторот на иницијативата Трајче Петковски побарал и лична средба со Министерот за здравство, но експресно бил одбиен со образложение дека министерот е презафатен.
Петковски вели дека тие остануваат на ставот дека маски во училиште не треба да се носат, што според неговите инфорамции се повеќе деца го практикуваат. Вели учениците кои не носат маска не смеат да бидат отстранети од настава, затоа што тоа никаде не е пропишано во постоечките протоколи.

Лидер: Комисијата за заразни болести досега не добила барање од родители, децата на училиште да не носат маски и за тоа не е разговарано, изјави портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ на прес-конференцијата пред два дена и посочи дека тие ќе ги следат препораките на СЗО дека во затворени простории, меѓу кои и училиштата, секое дете треба да носи маска.

-Комисјата за заразни болести нема официјална електронска адреса каде може да поднесеме барање. Барањето е поднесено до Министерство за здравство и тоа на три е-адреси: contact@zdravstvo.gov.mk, pr@zdravstvo.gov.mk, minister.kabinet@zdtravstvo.gov.mk. Toa се официјалните мејлови кои стојат на МЗ за да се поденсе барање. Барањето е два пати поднесено до сега , првиот пат е на 26 јануари и вториот пат на 3 февруари во 10 часот и барањето гласи: Барање за промена на протоколите во образование.


Лага е дека не е поднесено барање за промена на протоколите. Затоа што не само до Министерството за здравство, поднесено е и барање до Владата во декември, јануари и февруари. Кај новиот министер за здравство досега барањето е испратено два пати.
Досега не ние вратено ниту еднаш на ниту еден наш допис!
Јас барав и прием кај Министерот за здравство, не ми беше овозможено со изговор дека министерот е премногу зафатен. Стапив во контакт со кабинетот, бев експерсно одбиен за било каква средба.

Лидер: Дали останувате на ставот за неносење на маски во училиштата?

-Нормално. Ние стоиме на ставот и не отстапуваме од тоа. И се повеќе деца одат на училиште без маски. И што е најважно, никаде во постоечкиот протокол не стои дека децата треба да бидат отстранети од настава доколку не ги почитуваат протоколите. Никаде не е наведено!
Ние многу добро ги знаеме протоколите. Протоколите се јасни. Децата задолжително влегуваат со маски во училиште, но никаде не е предвидено во случај на не носење на маска што се случува. Најмногу што може да направи еден наставник или било кој вработен во училиштето е да потсети на почитување на протоколите. Тоа стои во протоколот кој го имаме од Министерство за образование и наука, никаде не стои што доколку не се почитува протоколот. Нема како да ги санкционираат ако не носат маска. Нема право да ги санкционираат детето. Ниту да го избркаат од час, ниту наставникот смее да го напушти часот затоа што тоа му е работна обврска.
Не знам зошто д-р. Мехмедовиќ вели дека не е испратено никакво барање за промена на протоколите во училиштата од страна на родителите. Мене ми е јасно дека д-р. Злате Мехмедовиќ е поборник за носење на маски, ама никако тие да бидат поборници да направат рестрикции во другите сфери, додава Трајче Петковски.