Професор д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, смета дека не треба да се прекине учебната година и на децата да им се продолжи зимскиот распуст. Вели досегашната пракса покажала дека училиштата не се некое големо жариште на ширење на вирусот. Смета дека треба да се почитуваат препораките на СЗО и колку што е можно подолго учениците да се задржат на школо, што е добро и за нивното психичко здравје.
Лидер: Во екот на сезонскиот грип, настинки, вируси, дали сметате дека на учениците треба да им се продолжи зимскиот распуст и последната недела од првото полугодие да ја поминат дома? Како да постапуваат родителите, дали и со најмали симптоми (течење на нос) да ги остават децата дома? Министерката за образование смета дека состојбата во училиштата е стабилна и не треба да се продолжува распустот. Ваш став?
-Генерално и препораките на Светската здравствена организација, беа да не се запира наставата со физичко присуство во училиштата и да се оддржува колку е можно подолго. Превенциите не знам како функционираат во моментов, како тоа го организираат самите училишта, но мислам дека не видовме некое страшно ширење на Ковид-19 во училиштата . И не е грешно децата да си инсистираат на физичко присуство, имајќи го предвид и нивниот психолошки развој што ги носи самото изолирање. Така да не мислам дека нешто специјално треба да се форсира тестирања и изолирања на децата , бидејќи реално таму немаше некое големо жариште од каде што произлезе пренесување на вирусот.
Лидер: Во однос на Фејсбук петицијата каде група родители бараат да се укине носење на маски на училиште или тоа да биде по сопствена воља на детето. Ја поддршувате петицијата или учениците треба да си ја завршат училишната година согласно протоколите со кои ја започнаа, односно со носење на маски на часовите?
-Јас сум приврзаник на препораките на СЗО и на релавантните институции, каде што носењето на маски е едена од најефикасните мерки кои што се покажуваат од почетокот на епидемијата до сега и затоа мислам дека носењето на маски е оправдано. Не сум приврзаник на овие иницијативи за укинување на таа мерка, вели д-р Петличковски за Лидер.