На 26.08.2023 околу 14.00 часот пријавено е дека на регионален пат Куманово-Арачиново во атар на с.Орланци, во близина на депонија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(27) од с.Никуштак, општина Липково, и патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Џ.(63) од Куманово.

-По несреќата сопатничката во возилото „шкода“ Н.Е.(65) од Арачиново била пренесена во Општа болница Куманово каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, додека двајцата возачи и сопатничките во возилото „опел“ Н.Ш.(69) од Р.Србија и Х.Ш.(37) од Р.Косово биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Куманово.