Вчера на наплатна станица „Сопот“ во Велес од полициски службеници од СВР Велес се лишени од слобода Б.С.(27), Н.Д.(22) и М.М.(25) сите од Кавадарци, информира полицијата.

-По извршен преглед врз нив и возило „голф 4“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое се превезувале, како и по извршен претрес во нивните домови во Кавадарци, биле пронајдени и одземени солзавец, бела грутчеста материја, марихуана, пиштол „застава“, рамка со еден куршум кал.6.35мм, осум куршуми, два ловни патрони, пневматска пушка, пневматски пиштол кал.4.5мм, два ножа, солзавец, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.