На работниот состанок со директорот на одделот за меѓународна соработка Алан Хофман, кој е дел од работната посета на Израел, беше дискутирано за Програмата за поттик која обезбедува поддршка за странските компании кои работат со израелските компании на програми насочени кон комерцијализација за развој на нови технолошки производи или за значително надградување на постоечката технологија.
Агенцијата преку Програмата нуди грантови за овозможување на споделување на ризикот при финансирање проекти, како и помош при наоѓање странски технолошки партнери.
Директорот Петров ги презентираше и активностите на Националниот стартап совет, новото портфолио на инвестиции на ФИТР, инвестицискиот фонд и Програмата за дигитални номади.
Како што информира ФИТР, Битиќи, Петров и Хофман се согласиле дека преку предложените активности, компаниите од двете држави ќе се подобрат во сите полиња на истражување и развој базирани на иновации, а со тоа ќе им се помогне да растат преку глобален систем за стратешко вмрежување, пристап до технолошко знаење во различни земји, да воспостават чекор напред и да го зголемат пласманот на своите производи на глобалните пазари.