Хибридните напади се со цел да се предизвика паѓање на Владите, најчесто оние кои се западно ориентирани, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска, во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21.

Според неа, очигледно е дека напаѓачот не сака да имаме стабилен и мирен Балкан.

Најчесто целта на хибридните војни или сајбер напади е практично да дојде до пореметување на општественото живеење што впрочем и се случува кога има зачестени напади. Се повеќе и повеќе кога се создава задоволство во едно општество се надополнува со незадоволство на друга сфера. Целта е да се предизвика, најчесто тоа е, паѓање на Владите, најчесто оние кои се западно ориентирани, вели Петровска.