Претседателот на Бугарија, Румен Радев вчера го коментираше барањето на шефот на државата Стево Пендаровски, Софија да се извини за депортацијата на македонските Евреи за време на Втората светска војна.

-Интересот на Пендаровски за историјата е за пофалба, но тој мора да се потпира на историската вистина, рече Радев и потсети дека „политичарите во Северна Македонија им ја должат на своите граѓани вистината за сопствената историја“.

-Нивната историја која една деценија е обвиена со манипулации и лаги. Вистината за еврејското прашање, вистината за прогонот и репресијата на македонските Бугари со децении, додал Радев.

Бугарскиот претседател порачал и дека од односите меѓу двете земји зависи европскиот пат на Македонија.

-Верувам дека иднината на Република Северна Македонија, нивната европска иднина, бара билатералните односи со Бугарија да се ослободат од идеологиите на тоталитаризмот, рекол Радев.