„Кога напишав за паднатите дрвја што ги „кастри“ Данела Арсовска ми го кахнаа фејсбукот од и од тогаш немам фејсбук, но користам инстаграм и тик ток“ , ова во гостувањето во „Еден на еден“ го откри Весна Петрушевска.
Во гостувањето во шоуто таа говореше за семејството и за својот приватен живот. Откри дека била приврзана со својот татко, кој после неговата смрт многу и недостасува.
Сподели детали за разводот и односот со поранешниот сопруг.
„Кога се разведуваш е исто како си болен, луѓето бегаат за да не ги префати. Но, вистинските пријатели се уште тука и понатаму остануваат. Разводот по смртта е еден од најтрауматичните работи што можат да ти се случат. И, доколку ме прашаш сега, никогаш не би се омажила во иднина“, откри Петрушевска.
Говорејќи за животот и работата таа потенцираше дека мора да се обидеме да оставиме нешто во животот и нагласи дека нејзиното наследство се децата кои секојдневно ги едуцира.