Веќе 10 дена дискутираме за нешто што е извор на партиски бизнис интереси и тоа кадровски политики, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска на денешната собраниска седница.
„Кога ќе ги погледнеме кандидатите за министри и ресорите кои тие треба да ги водат со тоа се потврдува неуспехот или признавањето на неуспехот на оваа Влада. Имено станува збор за министерства кои се однесуваат на министерството за правда, здравство, информатичко општество и администрација и животна средина и просторно планирање. Доколку се отвори и погледне програмата на СДСМ и програмата на Владата ќе забележиме дека тие впрочем ветуваа резултати, успех и подобрување на овие сектори”, рече Петрушевска.