Премногу очигледна е оркестрираната “офанзива” против ВМРО-ДПМНЕ од страна на повеќе структури, диригирани од еден центар од Бихаќка, и тоа токму во моментот кога започнавме иницијатива за распишување на референдум за поништување на Бугарскиот договор, истакнува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Откако неколку дена беше во глувчешка дупка и не се изјаснуваше со поддршка за референдумот, еве го денес се појавува со напад на ВМРО-ДПМНЕ и другарот Апасиев, за да “офанзивата” биде покомплетна.

Другар Апасиев, доколку доаѓаше во Собранието, ќе знаеше дека ВМРО-ДПМНЕ од петни жили и со долги говори и опструкции во Комисијата за избори и именувања активно го блокира изборот на Уставните судии.

Другар Апасиев, доколку доаѓаше во Собранието ќе можеше да ни помогнеш, па на твојот и на говорот на Крмов ќе можевме да се надоврземе со реплики и контра реплики, како поуспешно би го блокирале овој избор.

Другар Апасиев, борбата за блокирање на изборот на Уставните судии се води во Собранието, а не по социјални мрежи и портали. Па затоа, ако имаш искрени намери, повели во Собранието и помогни заедно да го блокираме изборот.

Во спротивност, другар Апасиев си само уште еден одработувач на агендата од Бихаќка, каде очигледно стои потписот на удбашот Зечевиќ.

А со или без тебе и Крмов, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја прегази оваа однародена власт. Ваше е дали ќе помогнете или одмогнете!