Венко Филипче пред некој ден прозборе за криминал во редовите на СДС вреден 37 милиони евра и го снема. Филипче како личност која сака во Европската унија по секоја цена, сака европско обвинителство треба да им помогне на надлежните институции за почеток на јавното обвинителство и да им ги даде сите расположливи информации, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку  Венко Филипче не го стори тоа, и ова јавно изразување на сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра кој го поврзува со поранешната министерска Славјанка Петровска, а сега актуелна пратеничка и дел од платформата 12.05, ќе го разбереме како уште една лага во низата лаги кои ги кажува во јавноста. И во оваа прилика го прашуваме Филипче од кога имал информации за овој скандал во Министерството за одбрана, а во кој е вклучена Петровска, зошто сега излегува со информации во јавноста и дали има намера да ги достави информациите до јавното обвинителство или и ова ќе остане на ниво на замајување на јавноста, рече пратеникот.

Тој побара Филипче да открие ако има и други вакви случаи.

-Филипче треба да излезе во јавност и да каже доколку знае и други вакви и слични случаи во редовите на СДС, бидејќи само така може да се оди кон ЕУ, а не со лажење и манипулирање на јавноста. Филипче е на потег да се вклучи и реално во борбата со корупција како клучен услов за членство во ЕУ, посочи Петрушевски.