„Оружјето на Бугарија е преговарачката рамка. Во преговарачката рамка под точка 5 вели вака – „Напредокот на преговорите ќе биде воден од напредокот на Македонија во подготовката за пристапување и поттикнување на економски, социјална конвегенција. Овој напредок ќе се мери особено според следните барања: Копенхагешки критериуми, процесот за асоцијација и стабилизација, добрососедскиот однос и поблиска регионална соработка вклучително преку постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори вклучително и договорот од Преспа и договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017-та година. Како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување согласно член 12“. Значи ќе се мери напредокот на Македонија согласно ефективно спроведување на член 12 од билатерален договор со Бугарија“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“.

Петрушевски запраша дали знае некој кој е тој член 12.

„Тоа е оваа комисија која што прави историски ревизионизам на нашата историја, на нашите учебници и на нашите споменици“, заклучи пратеникот.

Тој посочи дека има два протоколи кои што досега се потпишани врз основа на тој член 12, а ги има истите потпишано Бујар Османи.

„Од тој протокол значи она што е најстрашно се дава рок на комисијата од две години да се заврши работата за историска ревизија, да се усогласат сите учебници, споменици и се она што значи наша историја“, рече Петрушевски.

Тој нагласи дека СДСМ дозволи Бугарија да ја уценува Македонија. СДСМ дозволи Бугарија да се меша во македонската историја, култура и јазик.