Денеска разговараме со жителите на населени места Агино село, Романовце и Пчиња. Многу проблеми, многу неправди наталожени на овие граѓани и генерално на граѓаните на Република Македонија”, истакна пратеникот Бране Петрушевски при теренската активност насловена „Ова е Македонија за сите”.

„Денеска со нас е и Елена Доцевска Божиновска која што успеа да ја победи Република Македонија на Меѓународниот суд за човекови права во врска со случајот 27 април. Тоа е само уште еден доказ дека ќе следат уште многу пресуди со кои што се докажува дека 27 април е политички монтиран процес за кој што требаше да се ставо ВМРО-ДПМНЕ на колена за да успеат уставните измени”, нагласи пратеникот.

Посочи дека се продолжува со борбата за правда.

„Морам да одговорам на колегата Каевски дека ВМРО-ДПМНЕ требало да се качи на европскиот воз. ВМРО-ДПМНЕ одамна е качено на европскиот воз, возот на кој што се вози СДСМ е товарен воз и тој воз е натоварен со парите на граѓаните кои што ги пљачкаат ДУИ и СДС. Тој воз го управува ДУИ, а на негов спореден вагон само седи СДСМ. Дека тој воз не вози по европски шини им укажа и Европската комисија која што кажа дека петте закони со кои што сака да го легализираат криминалот со договорот за автопатите се се само не европски и никако не смеат да поминат со европско знаменце”, нагласи Петрушевски.

Тој додаде дека за многу скоро време откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт тој товарен воз кој што го управува ДУИ, а во кој што се вози СДСМ ќе биде истоварен конкретно на станицата во Идризово.