„И денеска сме на терен по населените места во општина Старо Нагоричане. Комплетно денеска ги посетивме населените места Облавце и Старо Нагоричане во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Разговаравме со многу граѓани и во двете населени места. И генералната слика е дека во овие населени места тешко се живее“, истакна пратеникот Бране Петрушевски.
Тој додаде дека граѓаните се револтирани затоа што на телевизија преку скапите реклами на Владата слушаат како земјоделците имале многу добри услови за живот, а истите се прашуваат зошто тогаш сточниот фонд се намалува и зошто тогаш производството на храна е намалено.
„Се жалат граѓаните и на тешките бирократски процедури на добивање субвенции кои и така се намалени од порано или воопшто не се добиваат“, истакна Петрушевски.
„Заедничка порака на сите е дека е доста од оваа власт, пред се од ДУИ поддржана од СДС и дека е крајно време ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот да ја сруши оваа однародена власт и да почне Република Македонија да се враќа на вистинските патеки на економски раст и развој“, порача пратеникот.