-Согласно процедурите и она што е пропишано во Деловникот на Собранието, синоќа пред полноќ, непосредно пред полноќ се изгласа нели старо – новата влада на Република Македонија. Претходно два дена траеше расправата по однос на програмата на оваа Влада и по однос на предложените министри од страна на мандатарот Ковачевски. Се случи она што е очекувано, она што изминатиов период колку и да се обидуваше власта да презентира некаква нова енергија, некаков нов момент сепак се случи она што е очекувано, она што има испланирано, а тоа е да изберат старо – нова Влада или она која што јас барем вчера во моето обраќање го кажав и именував како Влада на Заев – 3, истакна Бране Петрушевски во утринска емисија на Алфа телевизија.

Петрушевски додаде дека ја именувал како Влада на Заев – 3 бидејќи ова е трета влада која што ја составува само што првпат не е премиер.

-Во оваа Влада се истите луѓе на клучните позиции, кои што беа и носители на претходните политики на претходните две Влади на Зоран Заев. Доколку ја сфатија порака од граѓаните која што им беше испорачана на последните непосредни локални избори кои што впрочем самиот Зоран Заев ги стави како залог за својата политичка кариера и пред се за своите политики кои ги работеше изминативе пет години, но се гледа да дека не ја сфатиле затоа што клучните сегменти на тие политики, а тоа е делот кај економијата ќе ја водат повторно истите луѓе. Тука ќе биде Бектеши, Битиќи, и за финансии Бесими. А, потоа во делот на справување со корупцијата повторно истите луѓе, ќе ги имаме тука Љупчо Николовски кој што беше задолжен за справување со корупцијата и остана запаметен само по откривање на путер со изминат рок и ќе остане во Владата како министер за земјоделство. Тука е досегашниот министер за правда Бојан Маричиќ кој што исто така остана запаметен по многу скандалозни одлуки и ќе остане и за жал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој што ќе остане запаметен по тоа што нема кој криминалец не му избега, нема кого не пушти, меѓутоа фотелјата никако да ја пушти, нагласи Петрушевски.

Петрушевски посочи дека останува она што досега граѓаните го гледаа, а тоа е една безидејност, немање стратегија и визија на оваа Влада како се справува со клучните проблеми на Република Македонија.