Петрушевски го нарекува Апасиев „малиот Фрчко“ и оти со изрази „куриња, куртони..“ кои се често употребувани од него, не се владее.

Левица сама не може ни сега, а нема да може ни во иднина да стане самата власт. Но, очигледно Апасиев сака тоа да го искуси по потешкиот пат-јасен е Петрушевски.

Тој е убеден дека Левица ќе има четири пати помалку гласови од ВМРО, тоа нема да се промени до следните парламентарни.

Би сакал да прашам – кој најмногу користи од ваквиот став на Апасиев?