И те како овој проект со коридорите позади себе има сериозни индиции за корупција и криминал. Најпрвин доколку се прегледаат законите кои за жал денеска беа доставени до пратениците иако апсолутно тие требаше да бидат вратени затоа што врска немаат со европското законодавство тогаш ќе се дојде до заклучок дека вака потпишан договор со постојните закони е апсолутно неспроведлив“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма.
Тој додаде дека најпрво тоа е затоа што се нема проект и затоа што допрва фазно ќе се проектира. Второ затоа што немаат ревидиран проект и немаат пресметка затоа што не ги знаат ниту цените и сите цени што ги кажуваат се врз база на нивни претпоставки.
„Дали директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми го има видено договорот со „Бехтел и Енка“ комплет и колку пари и врз основ на кои ставки се исплатени до овој момент на „Бехтел и Енка?“, запраша Петрушевски
Петрушевски заклучи дека 117 милиони евра исплаќаме авансно на корпорација која нема ставено лопата во Република Македонија. Таа не знае од каде ќе почне делницата
„Како ЈПДП знае од каде ќе почне делницата кога нема доставено проект од „Бехтел и Енка“ од каде ќе почне и која прва делница ќе ја гради?“, запраша Петрушевски