Полициски службеник од Битола е под кривична истрага откако под дејство на алкохол управувал возило и предизвикал сообраќајна несреќа на патот кон Новаци. Против него е поднесена кривична пријава, а случајот е доставен до обвинителството.
Станува збор за 49-годишниот Ј.С., вработен во полициската станица во Новаци, кој, иако не бил на должност, седнал зад волан во алкохолизирана состојба. Според информациите, кај него биле измерени 1,51 промили алкохол во крвта.
Несреќата се случила на 24 октомври 2025 година во попладневните часови, кога тој управувал патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски таблички и предизвикал сообраќајка.
Против него е поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило, а случајот е доставен до Основното јавно обвинителство Битола.
