Дваесет и шестгодишен турски државјанин е лишен од слобода во скопско Визбегово, откако бил баран со меѓународна потерница распишана од Турција. Приведувањето го извршиле полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за меѓународни потраги, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, во попладневните часови на 29 април.
По приведувањето, лицето било изведено пред обвинител, а потоа и пред Основниот кривичен суд во Скопје.
Судот му одредил екстрадициски притвор, по што е спроведен во затворот во Скопје, каде ќе остане до завршување на постапката за екстрадиција.
