На 21.10.2023 во 23:40 часот во с.Кнежино, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода С.П.И.(50) од Скопје.
Имено, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“, пиштол „Екол“ со рамка и додаток за испукување, рамка за пиштол со куршуми, маневарски и сигнални куршуми.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.