Кошаркарското дерби помеѓу Работнички и МЗТ Скопје донесе просечна игра на паркетот, но затоа донесе (пре)многу возбудувања на трибините, нешто што потсети на некои минати времиња кога дуелите на навивачите беа поважно од три на играчите, пренесува Спорт1.

По хаосот што се направи на стартот од втората четвртина, кога дојде до фрлање запалени факели помеѓу навивачките групи на двата тима, во последниот период дојде до инцидент на припадници на „Сити Парк Бојс“ со полицијата. Припадниците на МВР влегоа меѓу фановите за да приведат некои од нив, што донесе револт кај останатите. На кратко се создаде мешаница, поради што полицајците мораа да добијат и засилување од специјалната единица, по што ситуацијата се смири.

Навивачите на Работнички потоа, најверојатно во знак на револт, предвреме ја напуштија салата СРЦ „Кале“ со цел да се обидат да го продолжат убедувањето со официјалните лица, со цел да ги ослободат своите приведени другари.