Како што информира МВР, М.Г.(45) од Скопје вчера во 16:05 часот во Полициското одделение Маврово пријавил дека при искачување на врвот „Махија Маде“ на планината Кораб, М.П.(32) од Скопје се лизнала и паднала од карпа.
-Со помош на другите планинари се спуштиле до село Грекај и со медицинско возило од Медицински центар Гостивар била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар каде од страна на лекар и биле констатирани повреди, соопшти МВР.