Англискиот репрезентативец Џуд Белингем поставил две важни барања до раководството на Реал Мадрид во преговорите за продолжување на соработката со шпанскиот гигант. Најпрво, тој бара значително зголемување на платата, односно годишна заработка од околу 22 милиони евра, со што би се изедначил со соиграчот Винисиус Жуниор. Според првичните информации, клубот од Мадрид е подготвен да го прифати ова финансиско барање.
Вториот услов што го поставил фудбалерот се однесува директно на спортските амбиции на клубот. Белингем сака цврсти гаранции дека Реал Мадрид ќе продолжи да создава конкурентен тим, способен редовно да се бори за најважните трофеи во сите големи натпреварувања.
Англичанецот моментно има важечки договор со мадридскиот клуб до летото 2029 година. Во тековната сезона, на вкупно 12 одиграни натпревари во шпанското првенство, тој постигнал четири гола и забележал три асистенции.
