Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, за време на заедничката прес конференција со премиерот Димитар Ковачевски рече дека уставните измени треба да го направат релевантните институции во државата, но оти е добро тие да добијат поддршка од сите партии и од народот.
„Она што мислам дека би било добро е да се постигне консензус зад кој може да застанат сите. Зад кој може, пред сѐ, да застане народот и нивните политички претставници и кои, според моето длабоко уверување, а јас го следам вашиот процес скоро 30 години, ќе ги намалат фрустрациите и ќе ги елиминираат неправдите кои се случуваат кон Северна Македонија во изминатите години“, рече Пленковиќ.