Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ кој престојува во официјална посета на Македонија.

-Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во Европа, при што претседателот Пендаровски го запозна хрватскиот премиер со случувањата во врска со македонските евроинтеграции и изрази задоволство од досегашниот тек на скрининг процесот. Во таа насока претседателот посочи и дека одличната соработка на македонските и хрватските институции значително придонесува за користење на хрватското искуство во процесот на подготовките за пристапните преговори, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка од Хрватска за аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ.