– Позицијата на Хрватска е многу јасна. Ја поддржуваме европската перспектива, процесот на проширување на ЕУ во нашите соседни земји. Ние веруваме дека ова е исклучително важно и оти треба силно да ја испратиме оваа порака, изјави Пленковиќ пред неформалната работна вечера со колегите од ЕУ.

Како што јави Хина, тој додаде дека декларацијата ќе содржи термини како што се европска перспектива и процес на проширување, но рече дека „не е реално да се очекува“ дека ќе се наведе и временската рамка за влез на тие земји во ЕУ.

Словенечкото претседателство со Советот на ЕУ предложи во декларацијата да се наведе дека ЕУ треба да биде подготвена да ги прифати сите земји од Западен Балкан најдоцна до 2030 година.

На тоа се противат пред сè земјите од Западна Европа, но добро е да се постави прашањето за временската рамка, рече Пленковиќ.