Речиси во цела Македонија денеска паѓа снег. Иако снежната прекривка е само неколку сантиметри тоа беше доволно сите регионални патни правци како и автопатите да се прекриени со снег и одвивањето на сообраќајот е отежнато. Тоа посебно се однесува за превојот Стража, кај Валандово и на Плетвар.

Очигледно е дека надлежните во „Македонија пат“ снегот ги изненади и на први февруари.