Манчестер јунајтед е првиот клуб во последниве 57 години, што успеал да даде шест гола во еден полуфинален меч од европските натпреварувања. Црвените ѓаволи синоќа на „Олд Трафорд“ ја победија Рома со 6:2, иако на полувремето губеа со 1:2.

Во далечната 1964 година, Реал Мадрид беше првиот и досега единствен тим кој успеал да даде шест погодоци на еден дуел во полуфинална фаза. Во тогашниот Куп на Европски шампиони, Реал со 6:0 го победи швајцарски Цирих.

Манчестер немаше дадено шест гола во меч од европските купови од април 2007 година, кога исто така против Рома победи со 7:1 на „Олд Трафорд“ во меч од четвртфинале во Лигата на шампиони.