Македонските превозници ги повлекоа блокадите по четири дена застој
Македонските превозници ги повлекоа блокадите на граничните премини, по што прекуграничниот товарен сообраќај постепено почна да се нормализира. Одлуката била донесена по четиридневен застој, на состанок на Кризниот штаб на МАКАМ-Транс.
Ова го разговаравме утрово на нашата утринска емисија.
Најава од Европската комисија за визно решение
Како причина за повлекувањето на блокадите се наведува најавата од Европската комисија дека преку нова стратегија за визи ќе се решава проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Во тој контекст, најавено е дека министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан во вторник ќе одржат средба со претставници на Европската комисија, со цел изнаоѓање соодветно решение.
Причини за протестите на превозниците
Блокадите беа започнати поради воведувањето на новиот систем за контрола на влез и излез во Европската Унија, за кој превозниците посочуваат дека предизвикува сериозни економски штети и депортации на возачи. Со најавените разговори и можни решенија, се очекува целосна нормализација на транспортот.
