Со законски измени треба да се овозможи договореното одложување на пописот на населението за наесен, од петти до 30 септември, како и на локалните избори за кои првиот круг треба да се одржи во втората половина на октомври, а во ноември вториот.

Во собраниска процедура, како што најави Заев, денеска се очекува да влезат измените на Изборниот законик во однос на идентификација на гласачите со отпечаток од прст кој е договорен меѓу поголемите политички партии.

Заев соопшти и дека за утре во 10 часот е закажана средба со претставници на Алијанса на Албанците и на Алтернатива на која ќе се разговара за Законот за државјанство, но и за сите останати прашања.

Средбата, како што рече премиерот, е на барања на Алијанса и Алтернатива, а на неа ќе присуствуваат и министрите за внатрешни работи и за правда. Поканети се и координаторите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА, а упатена е покана и до Левиц