Американската агенција Блумберг вчера на својата веб-страница објави наслов „Русија ја нападна Украина“, што предизвика шок во медиумите.
Набргу потоа објавата беше избришана, а медиумот информира дека веста е објавена по грешка.
„Подготвуваме наслови за различни сценарија и насловот „Русија ја нападна Украина“ беше случајно објавен на нашата веб-страница околу 16:00 часот во Источна временска зона (EST). Длабоко жалиме за грешката“, се вели во денешното соопштение.
Се прецизира дека раководството на агенцијата ја разјаснува причината за тоа што се случило.