Вчера во 12.50 часот во ОВР Гостивар, Р.М.(39) од Гостивар пријавил дека околу 00.30 часот на улица „Боге Вељаноски“, по кратка расправија, бил физички нападнат од неговиот сосед Р.С., кој употребил и тврд предмети му го оштетил возилото.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи и соодветен поднесок.