Учениците во Србија, според написите во српските медиуми, немаа мирно утро бидејќи дојавите за бомби повторно пристигнаа во училиштата во земјата.

„Наставниците веднаш ги извадија децата од училниците и во училишниот двор. Родителите на децата од прво и второ одделение се известени децата што се видно исплашени да ги носат дома. По истрагата и прегледот, постарите се вратени на редовна настава. Поради сè што се случуваше во училиштето во Белград, секој дополнителен стрес ни паѓа уште потешко. Загрижени сме, едвај чекаме децата да одат на одмор“, изјавил еден од родителите за агенцијата РИНА.

Дојава за лажната бомба стигнала и во основното училиште „Свети Сава“ во Атеница, но освен во Чачак, дојави стигнале и на адресите на училиштата во Белград, Крагуевац и во Нови Пазар.

Последните недели во цела Србија зачестија извештаите за бомби, а децата се чувствуваат исплашени по страшните настани. Порано дојавите за бомби не предизвикуваа страв кај учениците, што денес не е случај бидејќи, според нивните сведоштва, вознемиреноста се зголемува, пишуваат локалните медиуми.

Денеска беа пријавени бомби во неколку училишта во Србија и во 5 училишта во Белград.

Децата се евакуирани од тие училишта, а припадниците на МУП вршат контраразузнавачки проверки за да утврдат дали пријавите се лажни.