Мицкоски информираше дека тие поседуваат повеќе вакви докази кои се доставени до меѓународната заедница.
– Да, имаме повеќе вакви докази што се доставени до меѓународната заедница, го повикувам и обвинителството да излезе со истрага и таа истрага да кулминира со кривична пријава, бидејќи таму имаме повеќе од 40-тина полициски службеници кои што се блиски до владејачката партија до СДСМ, гледате таму каква реторика има, гледате каков е речникот на тие луѓе кои што треба да бидат пример во средините каде што функционираат, за жал тие се само од тоа што го прочитав не се пример во општината и предизвикаа една жестока турбуленција во мојот стомак и едно чувство на гадење, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека во конкретниот случај, има основа за обвинение за злосторничко здружување.
Повеќе од двајца, според кривичниот законик е злосторничко здружување, така што го повикувам обвинителството веднаш да постапи затоа што ќе даде лош пример, а ќе даде лош пример во насока на обесхрабрување на граѓаните бидејќи нема правда во оваа држава, ако тоа може да го прават на најголемата политичка партија во Македонија и ако тоа може да го прават на идниот градоначалник на таа општина станува збор за општина Прилеп каде што Борче Јовчевски убедливо победи, би рекол 2 спрема 1 наспроти неговиот политички противник кандидат за градоначалник, тогаш како ние граѓаните можеме да се чувствуваме безбедни, кога истите тие што треба да се грижат за нашата безбедност всушност ја загрозуваат нашата безбедност. на ова мора да му дојде крајот и затоа го повикувам обвинителството веднаш да постапи според овие индиции“, нагласи Мицкоски.