Главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев на социјалните мрежи го искоментира излегувањето на Димитар Апасиев на собраниска говорница и спомнувањето на Радио Лидер во негативен контекст. „Како може јас да работам за Спасовски?“ прашува Златев и вели дека по нарачка на Русија Апасиев напаѓа медиуми.
Неговиот став може да го погледнете во продолжение:
Ми кажаа дека Апсиев не спомнал од говорница во Собрание мене и медиумот кој го водам во негативен контекст.
Морам да бидам искрен, вчудоневиден сум од ваквиот однос. Радио Лидер како медиум секогаш важел за медиум отворен за политичката партија Левица и покрај бројните кампањи против нив кои доаѓаат од повеќе страни. Сме им пренесувале соопштенија, ни гостувале нивни бројни функционери, сме имале анализи и интервјуа.
Зборувал Апасиев дека сум работел за министерот Оливер Спасовски, иако јас имам напишано повеќе критики за Спасовски од цела политичка партија Левица заедно. Мене за разлика од Апасиев оваа влада ме гони и води кривичен случај за напишан текст во кој обелодени криминал на АНБ. Како може јас да работам за Спасовски? Затоа што пренесовме вест од друг медиум дека неговиот шофер се тепал по кафеани во Скопје?
Јасно ми е дека ме напаѓаат затоа што имаат нарачка од нивните газди од руската амбасада во Скопје. Им пречи што објавувам за нивната брутална агресија и што го имам украинското знаме на профилна слика. Во исто време, директниот атак кон мене и кон медиумот кој го водам доаѓа поради очигледната координација на Левица со СДСМ и нивната намера да ги омаловажуваат вистинските критичари на оваа власт.