Новинарката Жанета Трајковска, по обидот за двојно убиство во Скопје праша, од каде криминалците мислат дека на нив се им е дозволено, па посочи дека чинот е ужасен. Потсети дека секојдневно има вакви приказни во медиумскиот етер, а кои излегуваат од интервенциите на МВР.
„Не е нормално ова! Од каде ваква сила на криминалците да мислат дека се им е дозволено? И секој ден има по една ваква приказна. Мафијата и криминалот царуваат, слободно и без заддршка оти им се може. Кој им дозволил да се чувствуваат дека можат се, од дивеење до бодење со нож? Доста со пикање по тепих. Ако не зборуваме, не значи дека не постои. Ужас!“, напиша Трајковска.