Полициските службеници од СВР Велес вчера уапсиле 36-годишен маж од Демир Капија, откако сопругата го пријавила за физички напад, информира Министерство за внатрешни работи.

– Вчера во 18.30 часот во Демир Капија од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.П.(36) од Демир Капија, затоа што, според пријавеното, околу 17 часот во семејниот дом во Демир Капија физички ја нападнал неговата сопруга – велат од МВР.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.