По осум години поминати зад решетки, Горан Агелов – Ќосето денес доби слобода. Тој добил условен отпус поради тоа што одлежал две третини од казната, потврди лично за МКД.мк.

Агелов беше осуден на 11 години затвор за настаните од 27 април, а како што наведува, отпустот следел по исполнување на законските услови. Во изминатите години тој повеќепати имаше прекини на казната поради сериозни здравствени проблеми, но секогаш повторно се враќаше во затворот за да го продолжи издржувањето.

Со денешната одлука, Ќосето стана првиот осуденик во предметот за 27 април кој добива условен отпус – постапка за која сите обвинети со години тврдеа дека е политички мотивирана.