Денешниот натпревар помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и кошаркарскиот клуб Гостивар започна со интонирање на македонска химна, со што Кошаркарската федерација на Македонија дава поддршка и се приклучува на иницијативата на Општина Аеродром, каде од неодамна секој понеделник наставата во училиштата започнува со македонска химна.

Веста на својата фејсбук страна ја објава градоначалникот Муцунски кој се заблагодари за поддршка од граѓаните и изрази поддршка за иницијативата.

„Според информациите кои јас ги имам отсега сите натпревари во домашната лига ќе започнуваат со македонската химна. Ја поздравувам и поддржувам оваа одлична идеја на Кошаркарската федерација на Македонија“, информираше Муцунски на својата фејсбук страна.

Официјална информација и потврда од Кошаркарската федерација се уште нема.