Полицискиот час наместо во 22 ќе почнува во 23 часот и ќе трае како и до сега до 6 часот, заштитните маски на лицето повеќе не се задолжителни на отворен простор, се отвораат стадионите, театрите и кината, кои ќе работат со капацитет од 30 отсто, но остануваат затворени ноќните клубови и дискотеките.
Во зависност од епидемиолошката состојба, од 15 јуни полицискиот час ќе биде покус за еден час и ќе почнува на полноќ.
Во меѓувреме албанскиот премиер, Еди Рама, на Фејсбук објави дека во земјата пристига нова пратка со 11.700 вакцини од компанијата „Фајзер“, со што вкупната бројка на досега добиени вакцини е 858.750 дози.
– Продолжуваме без застој со процесот на вакцинација, со кој до сега се опфатени 776.461 граѓанин, главно постари лица и вработени во ризичните сектори. Нашата цел милион вакцинирани во текот на јуни е пред реализација, напиша Рама.