Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран во близина на грчкиот град Лариса, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот беше на 14 километри југозападно од Еласонас, каде што на почетокот на март годинава беше регистриран земјотрес од шест степени.