По цели 6 години, повторно во функција е една од нашите специјализирани продавници за сувенири, соопштија од Музеј на Македонија.
Посетете ја продавничката на Музејот на Македонија, во Порта Македонија.
Истата работи од понеделник до сабота, од 9 до 17 часот. Не работи во недела и на државни празници.
Богата понуда на бројни производи, сувенири, копии, чадори, магнети, привезоци, шолји и што ли уште не, информираат оттаму.
