Адвокатот Драган Пешевски по случајот на исчезнатата тинејџерка Вања Ѓорчевска својот револт го изрази на социјалните мрежи велејќи дека државните инситуции треба подобро да реагираат, а нив ги опишува како неспособни.
Како татко на две деца, случајот со малолетната девојка ме ужаснува, згрозува, остава без сон и прави да се чувствувам ранливо а верувам дека чувствата ни се взаемни. Во недостаток на државен апарат и институции кој ке спречат вакви ситуации народното самоорганизирање, самозаштита и себепревенција е нужно и неопходно, пишува адвокатот Пешевски.
Тој додава дека институциите се „Неспособни и апаши“, а во коментари многумина се поистоветуваат со неговиот став.
Инак, сè уште трае потрагата по исчезнатата Ѓорчевска. Ова започна вчера наутро во 7 часот и 20 минути утрото кога таа излегла од дома и се упатила кон училиштето по што ѝ се губи секоја трага.
Потсетување: Се молат граѓаните сите информации за Вања да ги достават до најблиската полициска станица, или да се јават во МВР, на дежурниот телефонски број 192 во текот на целиот ден. Инфомациите за неа се: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.