По сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит?, прашуваат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски самиот изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев.
Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и судството.
Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се вратат пасошите.
Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет.
Доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможно со Вилма Русковска.
Главното прашање, по сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит?