Амбасадорот на Кина Џанг Ѕуо, потенцира дека неговата земја претходно ги испорачала нарачаните 300 илјади дози на Синофарм, а овие 500 илјади на Синовак до сега е најголема пратка.
Со 100-те илјади Фајзер кои беа испорачани во петокот, со прва доза можат да бидат вакцинирани над 300.000 граѓани. За да се забрза процесот на имунизација здравствените власти за од денеска најавија дека дневно ќе боцкаат по 15.000 лица.
Цената која земјава ја плаќа за вакцините за сега се уште останува тајна, поради клаузулите во договорот кој е склучен со фирмата производител.
Министерот Филипче на својот профил на Фејсбук порача дека вакцината „Синовак“ е одобрена од страна на Светската здравствена организација на 1 јуни што е сигнал дека е безбедна за употреба.
Вакцината „Синовак“ е одобрена од страна на Светската здравствена организација на 1 јуни што е сигнал до националните…
Posted by Венко Филипче on Sunday, June 27, 2021
Потребни се две дози, ревакцинацијата треба да се даде во период од 14 до 28 дена. Се препорачува и за бремени жени и доилки.
Според неколку студии вакцината Синовак има ефикасност меѓу 50 и 90 проценти и во моментов е одобрена за употреба во Кина, Индонезија, Бразил и Турција.
Инаку во државава, во саботата беа вакцинирани 8.792 граѓани, а вкупно се аплицирани 510.351 дози вакцини. Ревакцинирани се 214.571 граѓани.
Со последните бројки, 51% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 45% над 65 години. Од граѓаните над 60 години, 38% имаат примено барем една доза.