Мирот како прв приоритет
Орбан и Зеленски разговараа за можностите за постигнување мир и актуелните прашања од билатералните односи меѓу Унгарија и Украина. Орбан му предложи на Зеленски Украина да го прекине огнот за да дојде до мир. Зеленски ја одбил понудата, соопшти претседателската канцеларија во Киев.
11 услови на Унгарија
Претходно Украина изјави дека ќе ги исполни сите 11 услови на Унгарија за враќање на јазичните и другите права на унгарските национални малцинства во Закарпатија, објави подоцна украинската „Европајска правда“. Двајцата се согласија да работат на договор кој ќе ги решава билатералните прашања.
Поблиску до договор
Тие одржаа краток брифинг пред новинарите, во кој истакнаа дека средбата е важен чекор кон решавање на проблемите кои се наталожуваат подолго време.
Орбан смета дека денешните разговори ги приближуваат страните до потпишување договор.
„Сакаме да потпишеме глобален договор за соработка со Украина, слично на договорите што ги имаме со другите наши соседи“, рече Орбан.
Тој нагласи дека Унгарија е подготвена да ја поддржи модернизацијата на украинската економија и планира да помогне за време на претседавањето со ЕУ.
Прва средба од почетокот на конфликтот
Ова е прва посета на Орбан на Украина од почетокот на целосната војна. Неколку дена претходно, Зеленски и Орбан се сретнаа во Брисел. Унгарија е на чело на Советот на ЕУ од 1 јули до крајот на 2024 година.